(ВИДЕО) По обидите за демонстрации пред Владата, МВР и зградата на Груевски, демонстрантите се пред Собранието

од desk3
142 прегледи

11128595_10153299892039932_485578031_n (1)

Граѓаните вечерва продолжија со протестите во Скопје по објавените материјали во вторникот од страна на опозициската СДСМ за случајот со убиството на Мартин Нешкоски.

11216116_10205296036673642_1239039920_n
Демонстрантите околу 18 часот се собраа кај улиците во близина на Владата, до чија зграда беше оневозможен пристапот од полициските сили. Преку протестот бараат одговорност од власта за случајот со убиството на Нешкоски и реагираат на, според нив, полициската бруталност.

11212420_10205296034873597_1264257149_n

Откако беа спречени да протестираат пред зградата на Владата, се упатија кон Министерството за внатрешни работи за таму да го изразат својот револт.

11225594_10205296039513713_872144710_n

Откако демонстрантите стигнаа во близина на МВР сепсцијалците не им дозволија да се приближат до областа, и ги запреа на околу 200 метри од МВР.

Потоа демонстрантите се упатија пред зградата на премиерот Груевски, на улица Бихаќка.

11216132_10205296028913448_721239054_n

„Излези диктаторче! -така демонстрантите го повикуваат премиерот да излезе на тераса и бараа негова оставка
На улицата имаше силно полициско обезбедување.

 

Откако и таму го  изразија својот револт граѓаните се упатија накај Собранието на РМ каде се наоѓаат во моментов.

11210191_10205296022633291_896564405_n

 

Вчера освен пред Влада, им беше забрането да протестираат и пред Јавното Обвинителство.

Протести имаше и во други градови.

Видео: A1on

Фото: МЕТА

Слични содржини