По одличната игра против Турција: Шаќири од вечерва во избрано друштво

од Vladimir Zorba

Еден играч ќе има дополнителна причина да слави вечерва покрај тоа што ќе ја прослави победата на неговиот тим во 3. коло од групата А на Европскиот шампионат.

Имено, во триумфот на Швајцарија од 3:1 над Турција, Џердан Шаќири постигна два прекрасни гола.

Првиот, за водство на Швајцарија 2:0 (пред него, Сеферовиќ погоди за 1: 0) исто така значеше дека Швајцарецот стана само четвртиот играч кој постигнал гол на СП 2014, ЕУРО 2016, СП 2018 и сега на ЕУРО 2020

Пред него тоа го успеаја само тројца играчи, и тоа Кристијано Роналдо, Ромелу Лукаку и Иван Перишиќ.

Слични содржини