ПО ПАЛЕЊЕТО НА КУРАНОТ, Анкара ги прекина преговорите за влез на Шведска и Финска во НАТО

од Vladimir Zorba

ПРЕГОВОРИТЕ меѓу Турција, Шведска и Финска за членство во НАТО се одложени на неодредено време на барање на Анкара, изјави дипломатски извор за „Спутник“.

– На наше барање, трипартитниот механизам меѓу Турција, Шведска и Финска беше откажан на неодредено време – изјавил изворот.

Според него, следната средба во рамките на механизмот требало да се одржи во Брисел во февруари.

Минатата сабота, лидерот на данската крајнодесничарска партија „Страм Курс“ Расмус Палудан запали Куран пред турската амбасада во Стокхолм, откако претходно доби дозвола од шведските власти да одржи митинг таму.

Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека палењето на Куранот во Стокхолм укажува на нивото на исламофобија, расизам и дискриминација во Европа. Палењето на Куранот го осудија и министерствата за надворешни работи на Саудиска Арабија, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати.

Турското Министерство соопшти и дека акцијата на Палудан е јасно прекршување на обврските од трилатералниот меморандум, што го потпиша Шведска, за спречување на пропагандата на терористичките организации.

Со оглед на настаните во Украина, на 18 мај минатата година Финска и Шведска до генералниот секретар на НАТО поднесоа барање за влез во Алијансата. Анкара првично го блокираше почетокот на разгледувањето на овие апликации, но на 29 јуни Турција, Шведска и Финска потпишаа трилатерален безбедносен меморандум кој ги зема предвид сите грижи на Анкара.

Турција ги повлече своите приговори за влезот на двете земји во НАТО. Според податоците од 6 октомври, 28 од 30 земји веќе донеле позитивна одлука за прием на овие две земји во НАТО, со исклучок на Турција и Унгарија.

Слични содржини