По поминати 40 години во институција, Мирсат и Васка добија свој дом

од Берта Китинска

Досегашните штитеници на Заводот за заштита и рехабилитација во Банско, партнерите Мирсат Мемедов и Васка Николова, по поминати 40 години во институцијата, од денес живеат самостојно во куќа во селото Добрејци. Нив денес ги посети дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ, која истакна дека едни од најстарите жители на Заводот во Банско конечно добија свој дом.

-Процесот на деинституционализација е еден од најбитните приоритети и реформи кој што ги спроведуваше министертвото за труд и социјална политика и целата Влада во изминатиот период. Знаете дека нема повеќе деца во институциите и тоа е огромно достигнување за нашата земја во насока на унапредување на човековите права. Продолжуваме интензивно и посветено да работиме на извлекување на сите возрасни од инстутуциите. Досега успеавме да извлечеме и да обезбедиме дом за околу педесет проценти од вкупниот број на лица од институции, рече Шкријел.

Додаде дека на Мирсат и Васка ќе им биде пружена поддршка преку негователи, преку Центарот за социјална работа и доколку биде потребно ќе биде обезбедена и персонална асистенција.

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, кој заедно со Шкријел ги посетите Мирсат и Васка, истакна дека процесот на деинституционализација е прифатен од штитениците и тоа ја отсликува успешноста на овој проект.

Слични содржини