По поразот од Интер, на Рома и се заканува летен егзодус?

од Vladimir Zorba

Поразот од Интер го налути тренерот на Рома, Жозе Мурињо, кој сака целосно да го промени тимот следното лето.

Португалецот им замерил на своите играчи за нивниот став и односот кон играта, а има целосна поддршка од раководството на клубот.

„Кориере дело Спорт“ пишува дека пет играчи би можеле да го напуштат „Олимпико“ на крајот на сезоната со цел „волчицата“ да го продолжи проектот на Мурињо.

Верету и Ибанез се веќе во втор план и нивната продажба би го пополнила буџетот, истото се очекува и за Виња кога во тимот ќе се врати Спинацола, а на излезна врата е и Мхитаријан кому договорот му истекува на крајот од сезоната.

Последен во низата е Николо Заниоло, откако нема знаци за продолжување на соработката со 22-годишниот фудбалер, па Рома би можела да биде во искушение да го продаде во случај на интересна понуда.

Клубот од главниот град е на седмото место во Серија А со 39 бодови, шест помалку од Јувентус кој го држи последното место кое води во Лигата на шампионите.

Слични содржини