По промената на полот им заладиле односите: Не сме зборувале шест години

Не е тајна дека односите меѓу Кејтлин Џенер и Клои Кардашијан веќе подолго време не се сјајни. Од кога Кејтлин подлегна на операција за промена на полот, комунијацијата со Клои заладила. Доказ за тоа е неодамнешната прослава за 70. роденден која ја организирала најмладата ќерка Кајли Џенер, а на која Клои не се појавила.

Кејтлин неодамна влезе во реалното шоу „I’m a Celebrity“, а освен за целосниот процес на транзиција од машко во жена, прозборе и за односите во кланот Кардашијан- Џенер.

– Клои, не знам од која причина, беше лута на мене, целиот тој продец. Искрено, мислам дека поминаа пет или шест година откако немаме зборувано. Не знам во што е проблемот, Клои и јас навистина бевме блиски. Сепак, јас ја одгледав од нејзината петта година. Јас и понатаму сум еднаква личност каква бев и пред да го променам полот – коментирала Кејтлин.

View this post on Instagram

♥ Good American ♥

A post shared by Khloé (@khloekardashian) on

Кејтлин, пред да го промени полот, беше Брус Џенер. Тогаш беше татко на шест, а очув на четири деца. Откако ја запознал поранешната сопруга Крис Џенер, се обидел да ја сокрие желбата да стане жена.

– Се заљубив во неа. Крис и јас се венчавме и се обидував да го сокријам тоа колку што можев – неодамна призна Кејтлин.

Слични содржини