По разделбата со Мајли Сајрус, Лиам Хемсворт размислува да се врати во Австралија

од Vladimir Zorba

Лиам Хемсворт размислува да се врати во татковината Австралија по пропаѓањето на неговиот брак со Мајли Сајрус, објави „Контакт мјузик“. Сега неговите пријатели велат дека е подготвен да го напушти Лос Анџелес и да замине во Бајрон Беј во Австралија, каде што живее неговиот брат Крис.

„Лиам зеде долг одмор и ќе се врати во Бајрон Беј за да биде со својот брат и пријателите“, изјави извор од неговата околина. „Тој подоцна ќе размислува за неговиот следен чекор. Тој ќе патува во Лос Анџелес за да снима филмови, но искуството навистина го натерало да сфати дека Холивуд не бил погоден за него на долг рок“.

Крис (36) и неговата сопруга Елса Патаки (43) ги продадоа своите имоти во Малибу и Санта Моника и се преселија во родната Австралија со нивните три деца. Крис претходно споделуваше дека никогаш не се чувствувал дома во Лос Анџелес.

„Лос Анџелес дава големи можности за работа, но јас не се чувствував дома таму“, рече тој.

Елса Патаки откри дека преселбата во Австралија не била во нејзините првични планови затоа што тоа ќе ја оддалечи од родната Шпанија.

„На времето се договоривме дека нема да го терам да живее во Шпанија и тој нема да ме тера да живеам во Австралија, затоа што нашите семејства ќе бидат далеку од нас“, истакна таа.

Актерката, сепак, инсистираше на тоа дека вреди да се расипе овој договор затоа што Австралија е „најдоброто место на светот“.

Слични содржини