Пo само една година од породувањето Фрејзер-Прајс доминантна во Лондон

од desk4

   Атлетичарката од Јамајка, Шели-Ен Фрејзер-Прајс победи на трката на 100 метри на атлетскиот митинг од Дијамантската лига во Лондон.

Двојната олимписка и седумкратната светска шампионка минатиот август доби син, а само по една година повторно доминира на атлетските патеки.

Фрејзер-Прајс истрча истрча под 11 секунди (10,98) и зад себе ги остави Американката Дезереа Брајант со 11,04 секунди и сонародничката од Јамајка Џониел Смит со 11,07 секунди.

– Навистина сум возбудена и ова е прекрасно. Паузирав и не обрнував внимание за тоа што другите мислат за моето враќање. Продолжив напорно да работам, а Лондон е дефинитивно најдоброто место за победа и тоа со време по 11 секунди што е фантастично, истакна Фрејзер-Прајс.

Јамајканската атлетичарка досега вкупно на Олимписките игри има освоено шест медали, а на светските шампионати девет.

Слични содржини