По само една година, Северина прекина уште една важна соработка

Северина и Ален Кијуче во јули минатата година ја објавија сорапотката, а по неполна година започнаа да кружат гласини дека на таа соработка и дошол крајот.

„Само што се слушнав со Северина, воопшто не ни е јасно од каде се појавуваат овие гласини. Зад нас е голем и сјајно изработен проект, моментално сме фокусирани на различни работи, Северина на приватната ситуација, а јас по здравствените проблем се подготвувам за Ботичели во Љубљана и Селин Дион во Арена. Турнејата на Северина продолжува во април“, рекол Ален, а ситуацијата ја искоментирала и самата пејачка.

„По соработката на навистина магична турнеја, преполни арени, а за која добивме номинации во земјите, зедов мал одмор и фокусирана сум на приватните работи.Кијуче е голем професионалец, што се докажува со неговата соработка со најголемите светски ѕвезди. Турнејата ја продолжувам во април, до тогаш уживам во секој момент со семејството и навистина не можам да сфатам зошто постојано некој сака да се расправа и да измислува прекини со сопругот и соработниците“, истакнала Северина.

Северина, лани, по 17 години ја прекина соработката со долгогодишниот менаџер Томица Петровиќ, а се откажа и од Петар Трбовиќ, стилистот со кој соработуваше 12 години. Местото на нејзиниот менаџер на кратко го презеде Игор Којиќ, а потоа Ален Кијуче.

Слични содржини