По серијата земјотреси во текот на ноќта, утринава Маврово се тресеше со 3,6 степени по Рихтер

Утринава во Маврово во 7:44 повторно беше почувствуван земјотрес.

Истиот беше со јачина од 3,6 степени по Рихтер.

Инаку во Маврово и претходно во текот на ноќта беа почувствувани неколку послаби земјотреси.

Според европската сеизмолошка станица, епицентарот на сите земјотреси биле во Маврово, и тоа на длабочина од еден до два километри.

Слични содржини