По смирувањето со Афлек, Џеј Ло потпиша нов договор

од Stefanija Kuzmanovska

Џенифер Лопез потпиша повеќегодишен договор со Нетфликс, кој ќе ѝ донесе милиони.

Пејачката и актерка ги здружи силите со продуцентите Бени Медина и претседателката на „Nuyorican Productions“ Елен Голдсмит – Томас, пишува IDJ Videos.

Џенифер ќе продуцира филмски и телевизиски содржини, во кои ќе се прикажуваат актерки, писатели и режисери.

Остварувањето на Нетфликс „The Mother“, во режија на Ники Каро („Мулан“) и „The Cipher“ според истоимениот роман на Изабел Охеда Малдонадо, беа најавени од страна на стримерите.

„Возбудена сум што го објавувам моето ново партнерство со Нетфликс. Елен, Бени и јас веруваме дека нема подобар дом за нас од компанија што создава содржина и се обидува да се спротивстави на вообичаената мудрост и директно да продава на милиони луѓе ширум светот кои повеќе не гледаат уметност и забава со тие ограничувања од минатото“, рече Џеј Ло.

Слични содржини