Холивудскиот актер Кевин Спејси ја доби својата прва улога за првпат по обвиненијата за сексуално злоставување кои беа покренати против него во 2017 година. Спејси ќе игра улога на детектив во новиот филм „L’uomo Che Disegno Dio“.
Луис Неро, продуцент на нискобуџетниот инди филм „L’uomo Che Disegno Dio“, за „Варајети“ потврди дека Кевин Спејси веќе започнал со снимање. Тој ќе игра помала улога како полициски детектив, додека Френк Неро ќе го режира и ќе го толкува главниот лик на филмот.
Ова ќе биде прва филмска улога на Спејси по повеќекратните обвинувања за сексуално злоставување и недолично однесување против него на почетокот на 2017 година.