По вчерашниот пад, вредноста на биткоинот и етереумот се зголемија

од Stefanija Kuzmanovska

Вчера беа изгубени околу 100 милијарди долари од пазарот на криптовалути, но денес повеќето дигитални добра ја повратија својата вредност.

Најпознатата криптовалута во светот, биткоинот, забележа раст од 3,49 проценти, а според податоците на страницата „Коингеко“, во моментов се тргува по цена од 30 825 долари.

Втората најпозната криптовалута во светот, етереум, забележа скоро двојно поголем раст. Во последните 24 часа порасна за 6,1 процент и во моментот на пишување на материјалот се тргува со 1.871 американски долари.

Слични содржини