По Вестбрук, Лејкерси потпишуваат и со Кармело Ентони?

од Vladimir Zorba

Лос Анџелес Лејкерс направи вистински „бум“ на трансфер пазарот во НБА со одлуката да го доведе Расел Вестбрук во голем трејд со Вашингтон Визардс, се со идеја Леброн Џејмс повторно да има на располагање „голема тројка“. Сепак, се чини дека тука не е крај на тоа.

Според „ЕСПН“, по Расел Вестбрук, Лејкерси имаат намера да го донесат – Кармело Ентони! Имено, Лејкерс се „многу заинтересирани“ да го ангажираат 37-годишниот Мело, кој е слободен играч по разделбата со Портланд, со што ќе се исполни големата желба на Кралот Џејмс да ја дели соблекувалната на клупско ниво со еден од неговите најдобри пријатели.

Познато е дека Леброн неколкупати лобираше да го ангажира Кармело во последните години, но картитите не беа отворени на вистински начин. Сега тоа е можно, особено што Ентони имаше сосема задоволувачка сезона зад себе во Портланд со 13,4 поени, 3,1 скока, 1,5 асистенции, додека стрелаше за три поени со висока успешност од 40,9 проценти.

Заедно со Ентони, играчот што раководството на Лејкерси најмногу го следи меѓу слободните агенти е Руди Геј. Лејкерс ќе имаат голема конкуренција за потписот на Мело во Њујорк Никс. Спортскиот сектор на најскапата франшиза во НБА го откри својот план да го врати Ентони, кој беше ол-стар играч во Никс во секоја сезона (2011-2017).

Кариерата на Ентони почна нагло да паѓа по напуштањето на Њујорк во 2017 година во Оклахома. Тој го допре дното во Хјустон, и со преселбата во Портланд, почна да ја враќа формата и да станува важна завртка во тимот.

Дали конечно е време да заигра со својот голем пријател Кармело во НБА клуб, по Двејн Вејд во Мајами и Кливленд?

Слични содржини