Актуелно
Почетна / Глобално / Свет / По вознемирувачкото видео, во Австралија стравуваат од американско сценарио (ВИДЕО)

По вознемирувачкото видео, во Австралија стравуваат од американско сценарио (ВИДЕО)

Откако во Австралија се појави видео во кое полицискиот службеник фрла на под момче кое припаѓа на домородните заедници во таа земја, се зголемува стравот дека може да им се случи американско сценарио полно со насилство.

Полицискиот службеник беше делумно суспендиран поради инцидентот во Австралија додека трае истрагата.

По објавувањето на новиот случај на полициска бруталност во Австралија, се појавија стравувања дека овој случај може да ги натера луѓето да започнат немири, како што се случи во Америка по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Инцидентот се случил во Сиднеј, а австралиските медиуми пишуваат дека момчето има 16 или 17 години.

Сето ова се случува во деновите кога се одржуваат демонстрации во десетици американски градови, откако полицаец го уби Флојд во Минеаполис.

loading...