По заминувањето на Шумахер, Ботас може да се врати во Мерцедес како резервен возач

од Vladimir Zorba
42 прегледи

Валтери Ботас откри дека е блиску до договор да се врати во Мерцедес како резервен возач следната сезона, откако Мик Шумахер, кој е син на седумкратниот светски шампион Михаел Шумахер, објави дека заминува, објави АП.

„Разговараме и се оди добро. Имаме уште малку работа, но разговараме“, рече Ботас пред Ф1 трката викендов во Катар.

Финецот има 10 победи како возач на Мерцедес и тимски колега на Луис Хамилтон од 2017-2021 година, но нема забележано бод со тимот на Заубер оваа сезона. Ботас додаде дека сè уште треба да финализира некои работи, но чувствува дека може да биде ментор на 18-годишниот Андреа Кими Антонели, кој ќе биде партнер на Џорџ Расел во Мерцедес следната година.

„Ако сум таму, мислам дека можам да дадам многу на дебитант кој сè уште не се тркал во Формула 1. Тоа секако ќе биде дел од мојата улога – да го споделам своето знаење колку што можам повеќе“, рече Финецот.

На Ботас не му е загарантирано место за следната година, откако во Заубер беше заменет со кинескиот возач Џоу Гуанју, а во тимот се и искусниот Нико Хулкенберг и бразилскиот дебитант Габриел Бортолето. Тимот ќе се ребрендира во Audi од 2026 година.

Шумахер го напушта Мерцедес по две години како резервен возач и сака да најде постојана позиција во друг тим. Тој призна дека му е тешко да ги следи трките без да биде дел од нив.

Слични содржини