Побаран притвор за Ламбе Алабаковски за опожарувањето на клубот „Ванчо Михајлов“

од Nikola Popovski

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Постои основано сомнение дека пријавениот 34-годишник на 4 јуни, во раните утрински часови, со пожар предизвикал значителна опасност по имотот од големи размери. Тој истурил бензин врз влезната врата од Културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, ставил фитил на прагот и го запалил.

Бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство, особено со оглед на фактот што тој има двојно државјанство на Р.С. Македонија и на САД каде живеел до неодамна, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

Министерот за внатрешни работи на Оливер Спасовски денеска соопшти дека Љ.А. (34) е осомничениот кој го запалил бугарскиот културен центар.

„Со задоволство можам да соопштам брзо и ефикасно разрешување на случајот од пред три дена со кривично-правниот настан – пожарот во центарот ’Иван Михајлов’ во Битола, кој веќе е расчистен и имаме приведено лице кое го призна на делото“, ннформира Спасовски.

Министерот за полиција посочи дека „деноноќно се работело на пронаоѓање на сторителот, дека се земени предвид сите докази и дека по официјалните разговори во последните денови, синоќа со судска наредба биле претресени две локации што ги користел Љ.А. (34) од Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело, по што е лишен од слобода“.

Слични содржини