Победа и реми за македонските селекции на шаховската Олимпијада, мажите на високото 25 место

од Milan1
19 прегледи

Втора победа во низа забележа македонската машка репрезентација, а второ последователно реми одиграа дамите на Олимпијадата која се одржува во Будимпешта.

Во рамки на 6 коло македонските шахисти триумфираа со максимални 4-0 во дуелот против Хонг Конг и се искачија на високото 25 место на табелата со осум меч поени.

На женскиот олимписки турнир, македонските шахистки ремизираа 2-2 против Киргистан и со 6 меч поени се на 86 место. Македонската машка шаховска репрезентација во 7 коло за противник ќе ја има Швајцарија, додека шахистките ќе играат против Тринидад и Тобаго.

На шаховската Олимпијада денска е слободен ден, а 7 коло е на програмата в среда.

Слични содржини