Победата на Бајден ќе биде добра вест за европските пазари

од Vladimir Zorba

Победата на демократскиот кандидат Џо Бајден на претседателските избори во САД, најверојатно, ќе им користи на европските акции, според стратезите цитирани од MarketWatch.

Стратезите започнаа да опишуваат како различните резултати од изборите во САД ќе влијаат на европски акции, со особено внимание на политиките на Бајден, бидејќи победата на Доналд Трамп веројатно ќе го задржи статус квото.

Бајден ќе биде позитивниот избор за Европа

Според стратезите на „Barclays“, победата на Бајден и демократите ќе биде попозитивна за Европа отколку вториот мандат на Трамп.

„Ова се должи на потенцијално намалена трговска несигурност, посилни американско-европски врски и поголем фискален стимул, што се чини поверојатно под демократската администрација“, велат експертите.

Стратезите на „UBS“ забележуваат дека промените во изборните шанси на Бајден имаа позитивно влијание врз европските акции во последните неколку недели, повеќе отколку кај акциите во Азија и САД, што дополнително го поддржува изборот на демократите за зголемување на цените на акциите на континентот.

Три главни области на демократската политика ќе имаат влијание врз европските акции, според тимот на „Barclays“. Предлогот на Бајден за зголемување на данокот на добивка од 21% на 28% би бил понегативен за американските компании отколку за европските, додаваат тие.

Планот на Бајден во вредност од 2 трилиони долари за зелена енергија и инфраструктура може директно да биде од корист на некои европски компании, вклучувајќи ги и оние во секторите градежништво, обновлива енергија и технологија, додаваат експертите

Според нив, подлабоката економска соработка под администрација на Бајден може да доведе до пониски тарифи, што ќе ги поддржува акциите на пазарите во развој и компаниите со изложеност на Кина.

Сектори за кои се очекува да имаат корист

Експертите на „UBS“ ги анализираат секторите што се очекува да победат под претседателството на Бајден.

Според тимот на банката, компаниите во автомобилскиот сектор, комуналните услуги, недвижностите, градежништвото и финансиските услуги ќе бидат меѓу позитивно погодените од победата на Бајден, засновани врз фискалниот стимул, даночното влијание, изложеноста на Кина и тарифите, како и нивната неодамнешна презентација.

loading...

Слични содржини