Побрз економски развој на Скопје и Тирана преку концептот на паметни градови

од Nikola Popovski

Денес, на мое големо задоволство, бев домаќин на градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, кој е во еднодневна посета во Скопје. На работниот состанок зборувавме за концептот на зелени градови и планирањето на просторот и за урбаната мобилност, а отворивме теми за посериозна соработка за побрз економски развој на Скопје и на Тирана преку концептот на паметни градови, информира градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов.

Тој додаде дека по средбата, заедно се прошетале до Дино паркот и направиле велосипедска прошетка низ градскиот парк и до новата тартан патека.

-Град Скопје секогаш е добар домаќин и секогаш е отворен за нашите пријатели од другите градови и држави, соопшти Шилегов.

Слични содржини