Почетино или Тен Хаг за Манчестер Јунајтед? Руни одговара…

од Vladimir Zorba

Легендарниот голгетер на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни изјави дека повеќе би сакал следен менаџер на тимот да биде Маурисио Почетино наместо Ерик тен Хаг.

Според британските медиуми, Почетино, кој моментално го води Пари Сен Жермен и Тен Хаг, кој е на чело на Ајакс, се фаворити за менаџерското место на „црвените ѓаволи“, кое останува празно на крајот од сезоната.

Во моментов него го пополнува Германецот Ралф Рангник. Сепак, според печатот на Островот, Холанѓанецот е поблиску до работата на „Олд Трафорд“

„Почетино веќе беше во Премиер лигата, ја знае. Ако треба да изберам меѓу двајцата, би го избрал него. Дефинитивно ќе му треба време, но ако го добие, ќе постигне многу добри резултати“, изјави Руни, кој моментално е менаџер на второлигашот Дерби Каунти.

Манчестер Јунајтед е седми во Премиер лигата со 51 бод, но заостанува само 3 од четвртиот Тотенхем на осум кола пред крајот на сезоната.

Слични содржини