Почетино тврди: Мбапе останува

од Vladimir Zorba

Тренерот на Пари Сен Жермен, Маурисио Почетино е убеден дека Килијан Мбапе ќе остане на „Паркот на принцовите“.

По победата на неговиот тим во Ремс (0:2), аргентинскиот фудбалски стручњак истакна дека е многу среќен што францускиот ас е во неговиот тим.

„Килијан е наш играч. Знаете дека фудбалската индустрија е полна со гласини. Нашиот претседател и спортскиот директор беа јасни. Тој е со нас и јас сум многу среќен. Мбапе е еден од најважните играчи во светот, дар за тимот“, рече Почетино.

Многумина мислеа дека поради доаѓањето на Лионел Меси, Французинот конечно одлучи да го напушти клубот и да се пресели во Реал Мадрид, бидејќи не беше воодушевен да игра со Аргентинецот. Сепак, Мбапе во саботата објави фотографија на својот профил на Инстаграм, која не им се допадна на навивачите на Реал.

На неа се гледа насмеаниот Мбапе како разговара со Меси на тренинг. Следуваа бројни коментари од поддржувачите на Реал, кои се плашат дека францускиот ас се откажал од трансферот.

Реал наводно му дал ултиматум на ПСЖ во саботата да одговори на последната понуда до крајот на викендот, која изнесува 180 милиони евра со 10 милиони за бонуси.

Слични содржини