Почетино: Во оптимална форма сме пред решавачките натпревари во сезоната

од Vladimir Zorba

Тренерот на Пари Сен Жермен, Маурисио Почетино беше исклучително задоволен од победата во натпреварот од 23. коло на францускиот шампионат против Лил (5:1). Екипата на Аргентинецот го совлада актуелниот шампион како гостин, а Лионел Меси одигра еден од своите најсилни натпревари во тимот од Париз.

„Генерално, мислам дека беше многу добар натпревар, па затоа сум многу среќен. Сакам да им честитам на играчите, тие се прекрасни и многу талентирани. Многу сум среќен поради нив. Во оптимална форма сме пред решавачките натпревари на сезоната“, изјави Почетино.

По овој натпревар води ПСЖ со 56 бодови во поредокот, Лил е на 11. место со 32 бода.

Слични содржини