Почина 20-годишна девојка откако паднала од зграда во Бутел

од Stefanija Kuzmanovska

На 09.06.2023 во 19.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на плочник пред зграда на подрачје на Бутел била пронајдена С.Д.(20) од Скопје со тешки телесни повреди здобиени при пад од зграда.

Таа била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде починала на 10.06.2023 во 00.30 часот.

Бил извршен увид и за настанот бил известен јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини