Почина 40-годишно лице од Ковид-19

од Nikola Popovski

Министерството за здравство соопшти дека во последното деноноќие пријавени се вкупно 6 починати лица од коронавирус.

Билансот е по едно лице од Скопје (40г), Куманово (78г), Прилеп (95г), Тетово (54г), Штип (61г) и Струмица (73г).
Од пријавените,едно лице е починато во домашни, а останатите 5 во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 811.693 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 155.407, бројката на оздравени пациенти е 148.960, на починати е 5.448, а бројот на активни случаи изнесува 999.

Слични содржини