Почина академскиот сликар Стојчевски

од Nikola Popovski

На 81 годишна возраст во Крива Паланка почина ДИМИТАР СТОЈЧЕВСКИ, основоположник на Кривопаланечкото сликарство, еден од основачите на ликовната колонија ,,Свети Јоаким Осоговски” и доајен од повоената генерација македонски сликари.

Стојчевски беше роден 1940 година во Сисак, Република Хрватска. Средното училиште го завршил во Скопје на одделот за декоративно сликарство во 1959 година, по што се запишал на Академијата за ликовна уметност во Белград. Од 1969 година беше член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, а истата година бил вработен на Градежниот факултет во Скопје.

Во 1987 година заедно со други ентузијасти ја формирал ликовната колонија „Свети Јоаким Осоговски” во Крива Паланка.

Автор е на бројни самостојни изложби одржани во Скопје, Куманово, Крива Паланка , Струмица, Гевгелија и други градови, а настапувал на групни изложби во Белград , Скопје, Ријека, Задар, Софија, Пловдив, Велингтон, Париз , Цетиње, Задар и др.

Делата на Стојчевски се наоѓаат во многу приватни збирки и колекции во Македонија, Грција, Германија, Шпанија, Англија и САД.

Добитник е на повеќе награди меѓу кои и наградата ,,Нерешки мајстори”.

Слични содржини