Почина актерка од легендарната „Жикина династија“

од Nikola Popovski

Актерката Ријалда Кадриќ, позната по улогата на Марија од „Жикина династија“, почина ненадејно во понеделникот вечерта на 57-годишна возраст во Атина, каде живеела во последно време.

Таа се прослави со улогата на Марија, а подоцна избра малку поинаков живот од актерството.

Ја играла улогата на Марија во култниот филм од 1978 до 1990 година.

Таа била професор по литература и психоаналитички терапевт, а на почетокот на 90-тите се преселила во Лондон, каде што живеела.

Веста за смртта на актерката за српските медиуми ја потврдил нејзин пријател, пренесуваат медиумите.

Слични содржини