Почина актерот Филип Бејкер Хол, ѕвездата на серијата „Сајнфелд“

од Stefanija Kuzmanovska

Актерот Филип Бејкер Хол, ѕвездата на серијата „Сајнфелд“, почина на 90-годишна возраст, опкружен со најблиските, изјави неговиот пријател и писател Сем Фармер.

– Синоќа мирно почина мојот сосед, пријател и еден од најмудрите, најталентираните и најљубезните луѓе што сум ги запознал, Филип Бејкер Хол. Беше опкружен со најблиските – објави Фармер.

Причината за смртта не е објавена, но тој боледувал од емфизем, состојба на белите дробови што предизвикува отежнато дишење, а бил виден како користи пренослив кислород на премиерата на неговиот филм „Последниот збор“ во 2017 година.

Хол имаше актерска кариера повеќе од четири децении и се појави во повеќе од 200 улоги на телевизија. Го знаеме по неговата улога во крими трилерот „Hard Eight“ од 1996 година, каде глумеше заедно со Џон К. Рајли, Семјуел Л. Џексон и Гвинет Палтроу.

Слични содржини