Почина актерот Кевин Кларк

од Stefanija Kuzmanovska

Кевин Кларк (32), актер од филмот „School of Rock“, почина откако го удри автомобил додека возеше велосипед во Чикаго.

Трагично повредениот актер рано утрово возел велосипед на северозападната страна на Чикаго, кога возач на „Хјундаи“ налетал на него, пишува „ТМЗ“.

Според полицијата, 20-годишна девојка управувала со автомобилот и била уапсена.

Според извештајот на медицинскиот испитувач на округот Кук, Кларк бил пренесен во болница, но била констатирана смрт.

Слични содржини