Почина Астро, основачот на бендот UB40

од Vladimir Zorba

Астро, поранешен пејач и еден од основачите на познатата британска група UB40, почина на 64-годишна возраст, објавија британските медиуми.

Теренс Вилсон, попознат по прекарот Астро, почина по кратко боледување, јави Би-Би-Си.

Во 1978 година, Астро беше еден од основачите на бендот од Бирмингем, кој продаде повеќе од 70 милиони албуми во неговата повеќедецениска кариера и имаше три хита на првото место на британската листа на синглови.

Групата UB40, именувана по формуларот што го обезбеди британската влада во раните осумдесетти за невработените, стекна слава од почетокот на својата кариера со својот уникатен спој на реге и поп. Меѓу најголемите хитови на бендот се сингловите „Red Red Wine“, „Rat in Me Kitchen“, „Sing Pur Own Song“ и „Can’t Help Falling In Love“ или нивната визија за песната „Kingstown Town“.

Во својата кариера, само во Британија, бендот имаше 36 синглови кои беа меѓу првите 40 на британската листа, а гледајќи наназад за нивниот успех со поранешниот бенд, Астро во интервју за „Гардијан“ во мај изјави дека станале „гласот на работничката класа“, пеејќи за политичките и општествените проблеми што го потресуваат светот од почетокот на осмата деценија на 20 век.

– Ни беше многу потешко да пишуваме љубовни стихови отколку ангажирачки, бидејќи ни беше природно да пишуваме за работи на кои сме биле сведоци и кои се случувале пред нашите очи – изјави музичарот за британскиот дневен весник.

Астро беше во бендот до 2013 година, кога формираше нов бенд.

„Ние сме уништени од загубата на нашиот драг Астро, која почина по кратко боледување. Светот веќе нема да биде ист без него“, изјавија од бендот.

Да потсетиме, уште еден од основачите на бендот, саксофонистот Брајан Траверс, почина од рак во август.

Слични содржини