Почина авторот на романот „Форест Гамп“

од Aleksandar Petrovski

Американскиот писател Винстон Грум, авторот на романот „Форест Гамп“, по кој беше снимен и славниот истоимен филм, почина на 77-годишна возраст.
Карин Вилсон, градоначалник на неговиот роден град Ферхоуп, Алабама, за Си-Ен-Ен изјави дека неговото семејство е потресено и крајно тажно.

Грум дипломирал на Универзитетот во Алабама во 1965 година, а потоа служел четири години во американската армија. По враќањето во државата тој беше новинар на Вашингтон Стар пред да се фокусира на пишувањето на романот.

„Форест Гамп“ беше неговиот најпродаван роман, кој беше претворен во филм во 1994 година со Том Хенкс во главната улога и освои шест Оскари. Во 1995 година, Грум го издаде продолжението со наслов „Гамп и Ко“.

Гувернерот на Алабама, Кеј Ајви, во четвртокот на Твитер ја објави веста за смртта на Грум, нарекувајќи го еден од најталентираните писатели во државата, пишува Си-Ен-Ен.

„Иако ќе остане запаметен по создавањето на Форест Гамп, Винстон Грум беше талентиран новинар и истакнат автор на американската историја. Ние испраќаме љубов и молитви до неговото семејство”, напиша Ајви.

Грум исто така има напишано новинарски дела на различни теми, вклучувајќи ја и Американската граѓанска војна. Неговата книга „Разговори со непријателот“, која придружуваше еден маринец за време на Виетнамската војна, беше во конкуренција за Пулицеровата награда за општо новинарство во 1984 година.

Слични содржини