Почина бебето кое од Клиниката за детски болести беше однесено во Швајцарија

од Nikola Popovski

Швајцарските здравствени власти ја потврдиле смртта на бебето, кое од Клиниката за детски болести во Скопје во понеделникот ноќта, со специјален авион било однесено во Швајцарија, пишува Нова.

Веста која ја објавија швајцарските медиуми ја потврди Стефан Кустер, шеф на одделот за инфективни болести при Сојузната канцеларија за јавно здравје, на прес-конференција во швајцарската престолнина Берн, синоќа (петокот 29 мај).

Тој потврдил дека бебето чии родители живеат во кантонот Аргау се заразило со коронавирус во странство и дека случајот се истражува. Кустер не кажал повеќе детали за случајот и дали вирусот е директна причина за смртта.

„Еден тажен настан, треба да ја пријавиме смртта на едно дете. Бебето кое живееше во кантонот Аргау, се заразило во странство “, изјави за медиумите Стефан Кустер од Федералната канцеларија за здравство (БАГ).

Слични содржини