Почина Данецот кој црташе навредливи карикатури на пророкот Мухамед

од Stefanija Kuzmanovska

Данскиот карикатурист Курт Вестергард, познат по карикатурата на пророкот Мухамед која предизвика немири во некои муслимански земји, почина на 86-годишна возраст, објави неговото семејство.

Вестергард почина по долго боледување, објави весникот „Берлингске“.

Илустраторот е автор на најпознатите до 12 карикатури објавени на 30 септември 2005 година во данскиот конзервативен дневен весник „Jyllands-Posten“ со наслов „Лицето на Мухамед“, во кое пророкот е прикажан со турбан во форма на бомба.

Карикатурите најпрво останаа незабележани, но по 15 дена се одржа протест во Копенхаген, а потоа демонстрираа амбасадорите на претежно муслиманските држави во Данска.

Тогаш гневот ескалираше, што резултираше со антидански ставови во муслиманскиот свет во февруари 2006 година.

Насилството поврзано со карикатурите кулминираше во 2015 година, за време на нападот врз редакцијата на францускиот сатиричен неделник „Шарли Ебдо“ во Париз, кога беа убиени 12 лица.

Слични содржини