Почина Џејмс Мајкл Тајлер, Гунтер од серијата „Пријатели“

од Vladimir Zorba

Американскиот актер Џејмс Мајкл Тајлер, познат по улогата на Гунтер во серијата „Пријатели“, почина на 60-годишна возраст, објавија медиумите.

Тајлер починал во својот дом во Лос Анџелес. Од 2018 година боледува од рак на простата.

Неговиот лик Гунтер, саркастичниот менаџер на кафето „Централ Парк“ каде што се собираа „пријателите“, се појави во 150 епизоди во 10 сезони на популарната американска серија од 1990 -тите.

Слични содржини