Почина Дмитриј Јазов, последниот советски маршал

од Aleksandar Petrovski

Последниот маршал на Советскиот Сојуз, Дмитриј јазов почина денес во Москва на 96 години, соопшти министерството за одбрана на Русија.

„На ден 25 февруари, маршалот на Советскиот Сојуз, Дмитри Тимофејевиќ Јазов почина во Москва по долга болест“, се наведува во соопштението.

Јазов, кој ја извршуваше должноста министер за одбрана од 1987 до 1991 година, учествуваше во обидот за пуч против Михаил Горбачев во август 1991 година, една година откако му беше доделен чинот маршал.

Пучистите тогаш уверуваа дека Горбачев не е во состојба да ја извршува својата должност поради здравствени причини. Прогласија вонредна состојба на шест месеци, повторно воведоа цензура и извадија тенкови на улиците во Москва.

Пучот не успеа а неговите водачи беа уапсени три дена подоцна, но тие настани го означија распадот на Советскиот сојуз кој следеше во 1991 година, а со него се промовираше и поранешниот руски претседател Борис Елцин. Јазов беше ослободен од затвор во 1993 година и помилуван за својата улога во неуспешниот преврат во 1994 година.

Слични содржини