Почина филмски продуцент Горан Тозија

од Берта Китинска

На 68 годишна возраст почина Горан Тозија, познат филмски продуцент.

Тозија е поранешен државен секретар во министерството за култура и советник во Kабинетот на претседателот Бранко Црвенковски. Беше претседател на Друштвото на филмски работници (ДФРМ), а во 1993 стана директор и на државниот продуцент „Вардар филм“.

Во тој период „Вардар филм“ ги сними филмовите „Пред дождот“, „Ангели на отпад“, „Преку езерото“, „Џипси меџик“, и учествува во реализацијата на два холивудски филма кои се снимаа во Македонија, „Миротворец“ и „Добредојде во Сараево“.

Неговите пријатели се збогуваат од него на социјалните мрежи.

Слични содржини