ПОЧИНА И ПРВАТА ДАМА НА ХАИТИ: Им подлегнала на повредите во болница

од Stefanija Kuzmanovska

Мартина Моиз, сопругата на претседателот на Хаити, која беше ранета во атентатот во кој беше убиен нејзиниот сопруг Јовенел Моиз, им подлегна на повредите во болницата.

Мартина Моиз беше застрелана кога вооружена група луѓе го убија нејзиниот сопруг во резиденцијата во Порт-о-Пренс.

Нејзината смрт е потврдена во телевизиска програма од докторот Ханс Лансер, објави „Хаити либре“.

Хаитискиот претседател Јовенел Моиз беше убиен во вооружен напад врз неговата резиденција околу еден час по полноќ, рече премиерот Клод Џозеф.

Напаѓачите не беа идентификувани, но беше соопштено дека некои од нив зборувале на шпански јазик.

Говорејќи на една локална радиостаница, премиерот Џозеф рече дека нападот го извршила „вооружената група командоси“ која „вклучувала странски елементи“.

Слични содржини