Почина креаторот на „Квискотека“ – Лазо Голужа

од Nikola Popovski

Креаторот и уредник на телевизискиот квиз „Квискотека“, новинарот Лазо Голужа почина на 85-годишна возраст, објави денеска хрватската радио-телевизија (ХРТ).

Голужа е поранешен уредник и новинар на Радио-телевизија Загреб и на Хрватската радио-телевизија.

Завршил Филозофски факултет во Загреб. Со Паја Канижај, тој го започна сатиричниот весник „Парадокс“ во 1966 година.

Тој е автор и уредник на Јадранските состаноци, како и на низа квизови за знаење како што се „Малку јас, малку ти“, „Три, два, еден, но вреден“,„Знаеш, знам“,„Песочен часовник“, потоа квизот на знаење и интелигенција „Квискотека“ и многу други.

Има соработувано како автор со повеќе странски телевизиски куќи.

По пензионирањето во 2001 година, тој продолжил да соработува до крајот на 2002 година за поставување на квизот „Кој сака да биде милионер“. Создал нови ТВ формати, но и интелигентни формати на игри за нови медиумски апликации.

Ги објавил книгите за квизови Квискотека (со Б. Липановиќ, 1982) и Квискотека – игра со прашања (со Д. Новаковиќ, 1990).

Ја освоил наградата ХРТ, годишна награда во 1993 година и за животно дело „Иван Шибл“ во 1995 година.

Слични содржини