277
Познатиот актер Фред Ворд почина на 79-годишна возраст, соопштија од неговиот тим.
Фред почина на 8 мај, но јавноста дури денеска дозна за неговата смрт. Причината за смртта се уште не е позната.
Кариерата ја започна во 1970 година, а првата голема улога ја имаше во филмот „Бегство од Алкатраз“.
Публиката ќе го памети и по улогите во остварувањата: „Патување во вселената“, „Треперење“, „Вистинската работа“, „Хенри и Џун“, „Ремо Вилијамс“ и други.
Глумел во над 90 филмови во жанровите драма, комедија, трилер и научна фантастика.
Фото: Getty Images