Почина легендарниот Ацуле, најуспешниот претседател на ФК Победа

од Берта Китинска

Поранешниот претседател на Победа и еден од најпрепознатливите личности во македонскиот фудбал, Александар Забрчанец – Ацуле почина вечерва во 73 година од животот.

Забрчанец најголем дел од својот живот го посвети на фудбалот и неговата најголема љубов- ФК Победа.

Во Победа Ацуле започна да работи од 1979 година, од март 1996 беше директор, а подоцна и Претседател на клубот кој го вивна во височините на македонскиот фудбал приредувајќи огромни моменти на успеси и радости за прилепските љубители на фудбалот.

Слични содржини