Почина легендарниот Шон Конери

од Stefanija Kuzmanovska

Познатиот филмски и театарски актер Шон Конери, најпознат по улогата на Џејмс Бонд, почина на 90 години, пренесуваат светските медиуми.

Шон Конери, роден во 1930 година во Единбург, е најпознат по улогата на Џејмс Бонд, тајниот агент 007. Во неговата повеќедецениска кариера, тој има освоено бројни награди, вклучувајќи Оскар, два Златни Глобуси и две награди Бафта.

Шкотскиот актер прв го играше Бонд во филмот Doktor No (1962), а потоа и во шест други наслови од овој серијал.

Конери е познат и по улогите во филмовите „Човекот што сакаше да биде крал“ (1975), „Името на розата“ (1986), „Индијана Џонс и последната крстоносна војна“ (1989) и „Лов на црвениот октомври“ (1990).

Откако го напуштил училиштето на 14-годишна возраст, Конери работел како млекар, а потоа се посветил на боди-билдинг. Титулата Мистер Универзум го донела на филмското платно и на телевизија.

Слични содржини