Почина легендарниот српски тренер Радомир Антиќ

од Aleksandar Petrovski
Прославениот српски фудбалски стручњак Радомир Антиќ почина во 72. година од животот. Тажната вест ја потврди неговиот поранешен клуб, Атлетико Мадрид.
„Атлетико со жалење констатира дека замина нашиот легендарен тренер Радомир Антиќ. Засекогаш ќе биде во нашите срца. Почивај во мир“, стои во веста на клубот од „Ванда Метрополитано“.
Антиќ го предводеше Атлетико до шампионска титула во Примера и беше еден од ретките кои седеа на клупите на Реал Мадрид и на Барселона.
Работеше во голем број на клубови во Шпанија и во Кина, а беше и на кормилото на репрезентација на Србија која ја одведе на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година.

Слични содржини