Почина Лиса Лоринг, првата филмска Венсдеј Адамс

од Stefanija Kuzmanovska

Лиса Лоринг, актерката која ја играше Венсдеј Адамс во првата филмска адаптација на „Семејството Адамс“, почина на 65-годишна возраст.

Според „Гардијан“, Лоринг починала во болница во саботата вечерта, опкружена со своето семејство, изјави нејзината ќерка за Variety.

„Мирно си замина со двете ќерки држејќи се за раце“, истакна таа.

Авторката Лори Џејкобсон, пријателка на Лиса Лоринг, на Фејсбук напишала дека доживеала срцев удар, „предизвикан од пушење и висок крвен притисок“ и дека била на апаратите три дена пред семејството да одлучи да ги исклучи.

Лоринг ја играше Венсдеј Адамс од 1964 до 1966 година во првата филмска адаптација на „Семејството Адамс“. Таа ја презеде улогата кога имаше само пет години.

Слични содржини