Почина Лиза Бејнс – не ја преживеа сообраќајната несреќа

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката Лиза Бејнс им подлегна на повредите по сообраќајната несреќа што се случи на почетокот на овој месец.

Ѕвездата, која се појави во филмови како „Gone Girl“, беше удрена од скутер во Њујорк, а возачот избега од местото на несреќата.

Медиумите тогаш објавија дека таа тргнала да се види со својата сопруга Кетрин Кренхол и ја преминувала улицата кога ја удрил скутер.

По несреќата, Бејнс беше во критична состојба, сè додека не им подлегна на повредите во понеделникот.

Нејзиниот претставник за медиуми ја потврди нејзината смрт.

Слични содржини