Почина најстариот човек на светот, Имаше 113 години

од desk2

Најстариот човек на светот Масазо Нонака почина денес во 113-тата година од животот, известија јапонските медиуми. Неговото семејство кажало дека Масазо Нонака починал мирно во сон во својот дом во градот Ашоро.


Роден е на 25 јули 1905 година, а пораснал во големо семејство коешто водело гостилница со која денес раководи негова внука. Интересен факт поврзан со Нонака е тоа што тој ги надживеал својата сопруга и три од своите пет деца.
„Се чувствуваме шокирани од загубата на значајна фигура во нашите животи. Вчера му беше добро, се однесуваше како и вообичаено и денес веќе го нема, “ рече неговата внука Јуко Кјодо Њусу.
Нонака имал шест браќа и една сестра. Се оженил во 1931 година, а во бракот со сопругата имале пет деца. Додека бил во пензија обожавал да гледа сумо борење и да јаде слатки.
Инаку, Јапонија е една од земјите која што била дом на неколку најстари луѓе на светот. Меѓу нив беше и Јироемон Кумура, најдолговечниот човек на планетата Земја кој почина набрзо по својот 116-ти роденден во 2013 година.
„Гинис“ заслужено го призна Нонака како најстариот жив човек по смртта на Шпанецот Франсиско Нунес Оливер кој почина минатата година.

Слични содржини