Почина новинарот Јанко Николовски

од Stefanija Kuzmanovska

На 75-годишна возраст денеска почина Јанко Николовски, новинар и прв претседател на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер.

Николовски кариерата ја почна во 1970 во тогашната Телевизија Скопје, прво како новинар, а потоа и уредник на актуелно политички емисии. Беше член на неколку експертски групи на Советот на Европа во Стразбур, за прашања за слобода на медиумите.

Во 2006 година беше избран за прв претседател на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, каде остана до своето пензионирање.

По пензионирањето остана активен во областа на публицистиката, со издавање публикации и статии на тема слобода на медиуми во повеќе списанија и портали во регионот.

Добитник е на две државни награди „Мито Хаџивасилев-Јасмин” – за новинарство во 1975 и за публицистика во 2005.

Погребот ќе се одржи утре во 9 часот на гробиштата во Бутел.

Слични содржини