Почина поетот и филолог Атанас Вангелов

од Nikola Popovski

Филологот и книжевен теоретичар проф. д-р Атанас Вангелов почина денеска на 75 години. Освен како професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, тој е познат и како книжевен теоретичар, преведувач, поет и драмски автор. Вангелов има напишано над 20 книги поезија, проза, драма, критика и студии.

Бил претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата (СВП) и лектор по македонски јазик и литература во Париз, а од 1967 е член на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ).

Добитник е на наградите „Млад борец“, „Браќа Миладиновци“, „Божидар Настев“, „Димитар Митрев“, „Златно перо“, „Григор Прличев.

Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“, во согласност со Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06, 54/07, 74/12 и 99/18) и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе одлука за доделување на државната награда „11 Октомври“ во 2021 година за највисоко признание за животно дело токму проф. д-р Атанас Вангелов, филолог.

Слични содржини