Почина поранешниот претседател на Албанија, Нишани

од Берта Китинска

На 56-годишна возраст почина поранешниот претседател на Република Албанија Бујар Нишани.

Поранешниот претседател повеќе од еден месец бил префрлен од болницата Шефќет Ндроќи во болница во Германија на специјализирано лекување, но во меѓувреме паднал во кома.

Бујар Нишани е роден на 29 септември 1966 година, а претседателската функција ја презеде на 24 јули 2012 година и ја заврши во јули 2017 година.

Слични содржини