Почина Сања Илиќ, фронтменот на „Балканика“

од Берта Китинска

Александар Сања Илиќ, композитор, музичар и основач на групата „Балканика“, почина денес на 70-годишна возраст, пренесуваат белградските медиуми.

Според РТС, Илиќ починал како резултат на ковид-19. Илиќ е роден во Белград на 27 март 1951 година и покрај тоа што бил успешен композитор, по образование бил и архитект.

Како млад настапувал во групата „Враголани“, а потоа и во групата „Сан“.

Тој ја основа групата Балканика во 1998 година, а првиот концерт се одржа на 26 јуни 2000 година.

Настапуваше со Балканика на концерти низ целиот свет, а ја претставуваше Србија на Евровизија 2018 во Лисабон со песната „Нови деца“, која влезе во финалето на натпреварот.

Слични содржини