Почина славниот режисер Милош Форман

од Vladimir Zorba

Почина славниот американски режисер со чешко потекло Милош Форман.

Како што соопшти менаџерот на Форман, Денис Аспланд, режисерот-оскаровец починал на 86 години во неговиот дом во местото Ворен во американската сојузна држава Конектикат.

Форман е добитник на Оскар за режија за филмовите „Лет над кукавичкото гнездо“ и „Амадеус“, а меѓу неговите останати познати дела се и „Народот против Лари Флинт“ и „Човек на Месечината“.

Слични содржини